Во рамките на проектот „Граѓаните против корупцијата во животната средина“, асоцијацијата за еколошко одржлив развој „Зелен институт“ го доставува ова Барање за прибирање понуди за ангажирање на лице со задачи „ Оперирање со онлајн платформа и поддршка на граѓански тематски коалиции“.
Проектот има за цел „Да се мобилизираат граѓаните и да се создаде партнерство со медиумите во борба со корупцијата во животната средина“.
Сите лица кои ќе се пријават на овој Повик треба да поседуваат релевантно искуство во соодветната област, а кои се наведени во Terms of Reference (ToR), што е приложен кон ова барање.
Времетраењето на проектот е од 01.11.2024 до 30.10.2026 година, лицето одговорно за Оперирање со онлајн платформа и поддршка на граѓански тематски коалиции ќе биде ангажирано во текот на јануари 2025 година, па сѐ до завршувањето на проектот. За ангажманот се алоцирани вкупно 50 дена. Компензацијата е утврдена врз основа на усвоениот буџет на проектот од страна на донаторот.
Селекцијата на лицата ќе биде извршена врз основа на:
· Преглед на биографиите, за да се оцени искуството на кандидатите
· Интервјуа со кандидатите (доколку е потребно)
Ве молиме да доставите Ваша биографија (CV) - максимум 3 страници со примери од претходна работа поврзана со темите обработувани со проектот, како и Изјава за интерес што ја потврдува достапноста на кандидатот, независноста и отсуството на конфликт на интереси, најдоцна до 06.01.2025 година, на имеил aleksgo@gmail.com и zmemedovahristova@yahoo.com.
За повеќе информации или поднесување на понуди, контактирајте ја Зекија Мемедова Христова на zmemedovahristova@yahoo.com.
Ве молиме проучете го Terms of Reference (ToR) за повеќе детали за проектот и очекувањата од експертите.